Собранието на Македонската академија на науките и уметностите ја известува јавноста дека на 30 март 2022 година, на 20. Изборно собрание на Академијата за избор на членови на Академијата во работниот состав (редовни и дописни членови) и на членови на Академијата надвор од работниот состав, како и за промена на статусот член на Академијата надвор од работниот состав во статус на редовен член, избра нови членови.
Како редовни членови избрани се Марјан Марковиќ во Одделението за лингвистика и литературна наука, Драги Ѓоргиев во Одделението за општествени науки, Александар Димовски, Сашко Кедев и проф. д-р Димитар Ефремов во Одделението за медицински науки.
За дописни членови на МАНУ се избрани проф. д-р Веселинка Лаброска и проф. д-р Лилјана Макаријоска во Одделението за лингвистика и литературна наука, проф. д-р Сашо Цветковски во Одделението за општествени науки, проф. д-р Дијана Плашеска-Каранфилска во Одделението за медицински науки, проф. д-р Зоран Хаџи-Велков во Одделението за технички науки, проф. д-р Валентин Мирчески во Одделението за природно-математички и биотехнички науки и проф. д-р Венко Андоновски во во Одделението за уметност.
За членови надвор од работниот состав на Академијата се избрани проф. д-р Татјана Вендина во Одделението за лингвистика и литературна наука, проф. д-р Жозеф Глигоров во Одделението за медицински науки, проф. д-р Наташа Јоновска и проф. д-р Панче Наумов во Одделението за природно-математички и биотехнички науки.