Драги побара нова поддршка за владата од коалицијата

од Stefanija Kuzmanovska

Италијанскиот премиер Марио Драги денеска побара поддршка од парламентот и рече дека е подготвен да остане како италијански премиер доколку партиите од неговата широка коалиција повторно застанат зад него.

„Дали партиите и вие пратениците сте подготвени да го обновите овој сојуз“, праша Драги за време на говорот во парламентот, истакнувајќи дека тоа го бараат италијанските граѓани, пренесува „Ројтерс“.

Марио Драги понуди оставка минатата недела откако Движењето 5 ѕвезди одби да ја поддржи владејачката коалиција на парламентарното гласање, но претседателот Серџо Матарела ја отфрли неговата оставка.

Слични содржини