Драгиќ потврди, со Словенија ќе атакува по златото на Евробаскетот

од Nikola Popovski
213 прегледи

Словенечкиот кошаркар Горан Драгиќ потврди дека ќе игра на претстојниот Евробаскет.

„Се вратив“, напиша искусниот плејмејкер под фотографијата на која ја прославува титулата од пред пет години.

Заедно со Лука Дончиќ, Драгиќ беше најдобар играч на репрезентацијата во 2017 година, кога Србија во финалето на Евробаскетот беше поразена со 93:85.

Искусниот плејмејкер играше во квалификациите за Евробаскетот, а постоеше можност мечот со Шведска да му биде последен во националниот тим.

Сепак, тренерот Александар Секулиќ објави поширок список на кој се најде место за Драгиќ, а новиот член на Чикаго Булс потврди дека ќе се обиде да го одбрани тронот со Словенија.

Словенија прво ќе ги игра квалификациите за Мундобаскетот на 25 август против Естонија и на 28 август против Германија

Европското првенство е закажано од 1 до 18 септември, а Словенците важат за прв фаворит и ќе играат во група со Германија, Унгарија, Литванија, Босна и Херцеговина и Франција.

Слични содржини