Дракслер потпиша нов тригодишен договор со ПСЖ

од Stefanija Kuzmanovska
308 прегледи

Години наназад, Јулијан Дракслер важеше за една од најмалку исплатливите инвестиции во светскиот фудбал. И во секој преоден рок тој беше во контакт со еден куп заинтересирани клубови.

Во јануари 2017 година, Драклсер дојде во Париз Сен Жермен од Волфсбург за 36.000.000 евра, кој му плати дури 43.000.000 евра на Шалке година и половина порано како идна sвезда на германскиот фудбал. Не се исплати навистина, но во Париз веруваа дека ќе експлодира со нив. Во тоа време, тој потпиша многу профитабилен договор на четири и пол години, вреден 7.000.000 евра по сезона.

На почетокот беше стандарден, но никогаш не ги оправда очекувањата. Наскоро, пристигна страшна конкуренција во форма на Нејмар и Мбапе, а Германецот стана е една од најскапите резерви во светот на фудбалот. Тренери се сменија, натпреварувачи се повредуваа, но Дракслер ретко успеваше да блесне. Минатата сезона тој беше стартер во првенството само седум пати, а летово ПСЖ направи се за да го продаде и да заработи барем нешто затоа што влегуваше во последната година од договорот. Го бараа Арсенал, Јувентус, Тотенхем, Леверкузен, Севиља, Херта, Лидс … Тој остана во Париз и од време на време добиваше шанса од клупата.

И тогаш Маурисио Почетино дојде на клупата на „светците“ и почна полека да му ја враќа на Германецот разнишаната самодоверба што ја оштети неговиот сонародник Тухел. Дракслер одигра 25 натпревари за Почетино во сите натпреварувања во вториот дел од сезоната. Од 32 на кои Почетино ги водеше „Светците“, стартер беше 12 пати и постигна два гола со шест асистенции. Тој излезе од кризата, иако сè уште е во сенка на првите sвезди Нејмар, Мбапе и Ди Марија. Аргентинецот апелираше до клубот да му понуди нов договор на Германецот, а ПСЖ тоа го стори под свои услови.

На Дракслер му беше понудено да остане, но со помала плата. Тоа беше делот од понудата за кој не се преговараше. Земи или остави ..

По три недели размислување, Дракслер ја прифати понудата и денес потпиша нов тригодишен договор што го врзува за „Паркот на принцовите“ до летото 2024 година. Сè уште не е познато за колку се согласи да му се намали платата, но тој се согласил.

Тој е петтиот првотимец на „светците“ кој го продолжи договорот во последно време. Пред него, Нејмар, Кејлор Навас, Хуан Бернат и Анхел Ди Марија ги парафираа новите договори.

Во Париз очигледно долгорочно веруваат во тековниот проект и сакаат да ги задржат сите важни играчи. И Дракслер му покажа на Почетино дека може да биде еден од најважните. Не баш најважен, но џокер од ракавот сигурно.

Слични содржини