Драма на лет до Сиднеј: Влетале во силни турбуленции, има повредени (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska
469 прегледи

Седум лица се повредени во авион поради силни турбуленции за време на летот на „Хавај ерлајнс“ од Хонолулу до Сиднеј.

Во четвртокот, авионот превезувал 163 патници и 12 членови на екипажот кога „наиде на неочекувани силни турбуленции некаде во петтиот час од летот“, се вели во соопштението на авиокомпанијата.

„Авионот само пропадна. Не бевме подготвени“, рекол еден од патниците.

Лекарите на аеродромот укажале помош на тројца повредени патници кога авионот слетал во Сиднеј. Еден патник и три стјуардеси се испратени во болниците на дополнителни прегледи, а стјуардесите во меѓувреме се пуштени од болничко лекување, соопштија во понеделникот од авиокомпанијата.

Минатата година во тешки турбуленции беа повредени 25 лица на летот на „Хавај ерлајнс“. Четворица патници и двајца членови на екипажот се здобиле со сериозни повреди, додека авионот претрпел помала штета.

Слични содржини