Драма на лет од Дубровник: „Авионот пропадна, никогаш не сум бил толку исплашен“

од Stefanija Kuzmanovska

Авион на лет од Дубровник за Загреб бил погоден од силни турбуленции поради силно невреме.

Патниците на летот од Дубровник за Загреб утрово доживеале вистинска драма. Силното невреме во областа Дубровник им ја отежнало работата на пилотите на Croatia Airlines, поради што авионот имал проблеми со полетувањето, додека кај патниците владеела паника, пренесе „Дневник.хр“.

Летот прво бил одложен до 8:20 часот, а требало да полета во 6:40. Кога конечно успеале да тргнат, авионот „пропаднал“, изјавил еден од патниците за дубровничкиот весник.

„Никогаш во животот не сум бил толку исплашен, а сум патувал многу. Многу луѓе врескаа, една девојка дури и плачеше“, опиша тој и додаде дека за среќа искуството не траело долго бидејќи пилотот набрзо го стабилизирал авионот и подоцна тие безбедно слетале на аеродромот во Загреб.

Слични содржини