Драма на небото над Хрватска: Авион кој летал до Охрид, принудно слетал во Венеција

од Nikola Popovski
243 прегледи

Авион на „Визер“ со број W67778, кој летал од Дортмунд кон Охрид, ја сменил насоката нагло над Хрватска и принудно слетал во Венеција, јавува сервисот за набљудување на летови во живо „Flightradar“.

Пилотот до контролорите на летот го испратил кодот „Squawk 7700“, што укажува на итни случаи, но засега не е познато што точно се случило, пишува хрватски „Дневник“.

Од „Визер“ засега нема објаснување, а на Твитер е објавено дека авионот успешно слетал во Италија.

Слични содржини