Драма на стадион во Лондон: Лекари трчаа за да го спасат животот на навивач

од Nikola Popovski
343 прегледи

Фудбалерите на Фулам и Блекпул го играат натпреварот од 29. коло на Чемпионшип, а првото полувреме го одбележа една животна драма.

Мечот беше прекинат бидејќи му се слоши на човек на трибините, а од клубот изјавија дека е пренесен во болница.

Двата медицински тима притрчаа на трибините да му помогнат на човекот, што стана редовна пракса и доста успешна на стадионите во Англија во последно време.

-Навивачот беше згрижен и однесен во болница. Нашите мисли се со него и му посакуваме брзо и целосно закрепнување. Ќе ве упатиме дополнително на ситуацијата веднаш штом ќе имаме дополнителни информации”, велат од клубот од „Крејвен Котиџ“.

Инаку, целиот настан и паузата траеше околу половина час.

Слични содржини