Драма во Дубровник: Пожар во хидроелектрана, има повредени

од desk2
103 прегледи

Во Хидроелектраната во Дубровник утрово изби пожар, а пожарникари се пробиваат до повредените.

ДО сега тројца се пренесени во болница, а двајца на Интензивна, хеликоптер е подготвен да носи пациенти во Сплит, пишува Slobodna Dalmacija.

Тројца работниви до кои пожарникарите успеаја да дојдат се пренесени во Општата болница во Дубровник. Двајца се во шок соба, а тежината на повредите не е позната, додека првите тројца кои беа однесени во болница поради чадот, се добро.

Според најновите информации, поради густиот чад не може да се дојде до изворот на пожарот, а пожарникарите се обидуваат да го локализираат.

Причината за пожарот не е позната, но огнот се појавил на 300 метри длабочина, а му претходела експлозија.