363
Никој не е повреден во експлозијата што се случи синоќа во близина на грчкиот град Касторија, но уништен е хотел на три спратови, објавија локалните власти.
Силна експлозија, која се случи половина час по полноќ, ја уништи зградата на хотелот со 80 соби, која беше затворена.
Причината за експлозијата не е позната, а првите откритија од истрагата укажуваат на истекување на гас, објави АП.
Јорданис Михаилидис, првиот човек на Сојузот на сопственици на хотели од Касторија, изјави дека експлозијата е силна и дека следел прекин на електричната енергија.