349
Ноќеска во 00.20 часот во СВР Скопје, од Казнено-поправната установа Затвор Идризово било пријавено дека околу 23.40 часот во едно од одделенијата во установата со остар предмет бил повреден осуденикот С.М.(36) од Струга.
Лицето било пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза” за укажување лекарска помош.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.