Драма во Либан: Вооружен маж земал заложници за да добие пари од банка

од Stefanija Kuzmanovska

Вооружен маж кој побарал пари од неговата замрзната девизна сметка денеска зел голем број заложници во Федералната банка на Либан, изјави извор од безбедносните сили и сведок, пренесува „Танјуг“.

Либанските банки го ограничија повлекувањето на цврста валута за повеќето штедачи за време на тригодишниот финансиски колапс во земјата, што остави повеќе од три четвртини од населението осиромашено, објави „Ројтерс“.

Вооружен маж малку пред пладне влегол во филијалата на Федералната банка на Либан во областа Хамра во западниот дел на Бејрут, изјавил за британската агенција извор од безбедносните сили.

Некои клиенти во банката успеале да побегнат пред тој да ја затвори вратата, вели изворот, кој не може да прецизира колку клиенти или вработени има во филијалата.

После тоа биле испукани два истрела, јави либанската телевизија Ал-Џадид.

Сведок на „Ројтерс“ видел брадест маж во црна кошула на влезот од банката како разговара со неколку мажи.

„Нека ми ги вратат парите!“, се слушнало како им вели.

Слични содржини