ДРАМА ВО ЛОНДОН: Европа ги затвора вратите, Британците останаа заглавени на аеродромот (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
523 прегледи

Стотици патници останаа заглавени на лондонскиот аеродром Хитроу, откако Европа ги затвори вратите поради појавата на новиот вид коронавирус. На аеродромот владее хаос, има многу патници, а атмосферата е многу напната.

Неколку земји воведоа забрани за влез за оние кои доаѓаат од Велика Британија, па дури и го запреа воздушниот сообраќај загрижени за новиот, мутиран вид на Ковид-19.

На социјалните мрежи се споделени бројни видеа на кои се гледаат огромни редици и толпи луѓе кои се обидуваат да избегаат од земјата поради преземените рестриктивни мерки за намалување на ризикот од ширење на вирусот. Сепак, многумина останаа блокирани на аеродромот, пренесува РТ.

Откако беше утврдено дека новиот вид на вирус брзо се шири во Лондон и на југот на Англија, беше одлучено да не се релаксираат ограничувачките мерки ниту за Божиќ.

Земјите во Европската унија и пошироко започнаа да го прекинуваат врските со Велика Британија поради ризиците поврзани со откривањето на новиот вид коронавирус во таа земја.

https://www.youtube.com/watch?v=fV00UlPhyLs&feature=emb_title