Михаел Шумахер, легендарниот возач на Формула 1, е енигма за светската јавност повеќе од една деценија, но поради неговите слики пристигнаа закани.
Шумахер доживеа несреќа на скијање на 29 декември 2013 година, која го остави во кома, а сега неговото семејство е уценувано поради слики од легендарниот Формула 1 возач.
Според информациите, семејството на Шумахер добило закани дека ќе бидат објавени приватни слики од спортската легенда.
Станува збор за слики од Шумахер од болничкиот кревет. Ниту една слика од него не е објавена по неговата страшна несреќа на скијање пред речиси 11 години.
Како што наведува „Индепендент“, во заканите била вмешана и медицинската сестра на Шумахер.
– Медицинската сестра, чиј идентитет не е откриен, била дел од заговор за изнуда на 15 милиони евра, заканувајќи се дека ќе објави слики од легендата на Формула 1, пишува медиумит.
Маркус Ф, поранешен телохранител ангажиран од семејството Шумахер, украл 1.500 фотографии и 200 видеа од Михаел, а заедно со Јилмаз Т. и Даниел Л. подготвил план да го уценува семејството на возачот, како што пренесе „Билд“.
Што се случи со Шумахер?
Потсетуваме дека легендарниот Шумахер имаше несреќа на скијање во 2013 година. Тој ден Мајкл скијаше со синот Мика во францускиот ски центар Мерибел. Скијале на необележан и небезбеден дел од патеката кога Мајкл изгубил рамнотежа, паднал и со главата удрил во карпа.
Како што беше објавено подоцна, носењето кацига му го спасило животот, но тој се здобил со сериозна повреда на главата и останал без свест, по што бил пренесен во болницата во Гренобл
Поради повреда на мозокот, тој беше ставен во индуцирана кома, а притоа и неколку пати беше опериран.