Драма во Софија: Бугарски поп фрлил анатема врз колоната на Зеленски (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Бугарски поп вчера со крст се појавил пред автомобилите од колоната на украинскиот претседател Володимир Зеленски во центарот на Софија и покрај тоа што масовното полициско присуство ја опколила целата област на рутата на шефот на украинската држава.

Попот изрекол клетва пред колоната во Софија, извикувајќи „Анатема, Зеленски, фашистичка Украина, западни сатанисти“, стои во видеото објавено на социјалните мрежи.

Свештеното лице мавтало со големиот крст пред автомобилите на претседателот на Украина, но не успеал да се доближи до Зеленски, при што колоната поминала покрај него со огромна брзина.

Полицајците веднаш го привеле и го тргнале од патот, како што може да се види на снимката.

Како што пишуваат бугарските медиуми, попот претходно го има нападнато и поранешниот бугарски премиер Кирил Петков со претставниците на неговата „Продолжуваме со промената“ на 6 јуни годинава.

Анатема се изречени зборови од страна на црковно лице кои всушност означуваат проколнување или некој вид на клетва.

Слични содржини