Драма во струмичко: Прободен жител на село, приведување со димни бомби

од Nikola Popovski
319 прегледи

Драмата која траела од утрово во струмичкото село Вељуса, завршила попладнево околу 18 часот, откако полицијата го лишела од слобода Д.Г. од истото село. Во 08:15 часот во Полициска станица Струмица било пријавено дека во село Вељуса тој го нападнал со остар предмет соселанецот Н.К.

Според информации на МИА од очевидци од селото Вељуса осомничениот е уапсен откако полицијата употребила димни бомби, затоа што се криел во неговиот дом.

Полицијата го потврди настанот и додаде дека во текот на утрешниот ден полицијата ќе соопшти повеќе детали.

Слични содржини