Еден маж во босанскиот град Требиње од утрово се заканува дека ќе ги убие двете деца, ако не му се врати сопругата.

Тој беше забарикадиран со децата дома, но подоцна тргна кон градот. Полицијата успеа да го уапси.
Според сведоци, децата се на возраст од 9 и 11 години, тој ги држеше гушнати и со нив одеше кон градот.
Паниката во населбата трае од утрово, а на местото е преговарачки тим на полицијата, Итна помош и претставници на епархијата захумско-херцеговска и приморска.
Братот на мажот вели дека се обидел со него да разговара, но тој одбил секаква комуникација и дека бара да му се врати сопругата, поја пред четири-пет дена го напуштила заедно со мало бебе.
Според него, неговиот брат носи бомба со себе со изваден осигурач.
Полицијата ги враќа автомобилите и минувачите од тој дел од градот, а ни на новинарите не им е дозволен пристап.Kako se navodi, policija vraća automobile i prolaznike u tom delu grada, a ni novinarima nije dozvoljen pristup.