Драма во Турција: Израел ИТНО ги евакуира своите граѓани, најавени напади

од Stefanija Kuzmanovska
363 прегледи

Израел побара од своите граѓани кои се во Турција веднаш да ја напуштат земјата, поради најавените напади врз Израелци. Според агенцијата АФП, најавите за тие напади дошле од Иран.

Израелските и турските безбедносни агенции минатиот месец открија ирански заговор за киднапирање израелски туристи во Турција и го спречија, според извештаите на медиумите во неделата.

Израелските безбедносни службеници ги информирале своите турски колеги за планот и побарале од нив да преземат мерки за да го спречат нападот, се вели во извештаите.

Тие се повикуваат на неименувани високи израелски извори, не е прецизирано кои националности биле наводните ирански агенти, колкумина биле инволвирани, ниту дали имало апсења.

Слични содржини