Драма во Ватикан – откриена здравствената состојба на папата Франциск

од Nikola Popovski
8 прегледи

Папата Франциск е во критична состојба откако претрпе долга астматична респираторна криза која бараше високи дотоци на кислород, соопшти вечерва Ватикан.

88-годишниот Франциск, кој беше хоспитализиран една недела поради сложена инфекција на белите дробови, доби и трансфузија на крв откако тестовите покажаа состојба поврзана со анемија, соопшти Ватикан во денешното обраќање.

„Светиот отец се уште е буден и го помина денот во својата фотелја, иако со поголеми болки од вчера. Прогнозата во моментов е резервирана“, се вели во соопштението.

Претходно, лекарите рекоа дека папата се бори со пневмонија и сложена респираторна инфекција и дека ќе го држат во болница најмалку уште една недела.

Ватикан во саботата ја продолжи прославата на Светата година без папата Во краткото претходно обраќање, беше објавено дека Франциск добро се одморил во текот на ноќта.

Сепак, лекарите стравуваа дека Франциск би се соочил со појавата на сепса, сериозна инфекција на крвта што може да се појави како компликација на пневмонија. Од петокот немало докази за присуство на сепса, а папата реагирал на различните лекови што ги земал, соопшти медицинскиот тим во првото детално ажурирање за состојбата.

Слични содржини