ДРАМАТА ВО ТУРЦИЈА ПРОДОЛЖУВА: Туристи паѓаат низ кабина на жичница, има мртви, спасувачи се обидуваат да спасат заробени патници

од Vladimir Zorba
360 прегледи

Спасувачите се уште се обидуваат да ги евакуираат сите патници заглавени во кабините по несреќата со жичница во Анталија, Турција!

Турскиот министер за полиција Али Јерликаја на својот профил на социјалната мрежа Х напиша дека спасувачите успеале да евакуираат 98 од вкупно 184 лица заглавени во кабините во саботата до 7 часот.

Дел од столбот на жичницата, да потсетиме, се откинал во петокот околу 18 часот и удрил во една од кабините и го пробил подот, а патниците паднале од височина. Како последица на инцидентот едно лице загина, а десет се повредени, изјави министерот за здравство Фахретин Коча.

Жичницата била запрена додека 184 патници останале заробени во кабините.

– До 7 часот и 15 минути спасувачите евакуирале 98 лица од 15 висечки кабини – напиша Јерликаја на социјалната мрежа Х и додаде дека во спасувачката акција учествувале седум хеликоптери и еден воен транспортен авион.

Планинари и хеликоптери беа испратени да им помогнат на патниците заглавени на жичницата.

Турското Министерство за одбрана соопшти дека испратило транспортен авион Ц-130 да им помогне на спасувачите.

Слични содржини