619
Нови детали фрлаат светлина врз бројните мистерии околу смртта на познатиот актер Метју Пери.
Пери почина на 54-годишна возраст во својот дом откако се удавил во џакузи.
Истрагата за сите околности на смртта на славниот актер е во тек, а посебни детали открил драматичен повик во траење од 15 секунди, кој асистентот на актерот го упатил до итната помош.
Асистентот на Метју Пери се јавил на 911 откако познатиот актер доживеал срцев удар во неговото џакузи.
На местото на несреќата пристигнала итната помош, а случајот се третира како давење.
На аудио снимката од повикот на помошникот до екипите за итни случаи, се слуша како асистентот пријавил случај на „давење“ и повикува на помош, пишува „Дејли мејл“.