Клинтон го изгуби водството во Флорида и Пенсилванија, во Охајо силите се израмнети, покажува најновото истражување
Републиканецот Доналд Трамп е понапред од својата соперничка за претседателската функција на САД од Демократската партија Хилари Клинтон во две клучни држави – Флорида и Пенсилванија, покажува истражувањето на социолошката агенција “Куиннипиак”, објавено синоќа. Клинтон го изгуби водството (пред само 10 дена) со 8 процентни поени во Флорида, каде што сега Трамп води со 42% наспроти 39%, и во Пенсилванија, каде Трамп води со 43% наспроти 41% за Клинтон. Во другата клучна држава – Охајо, позициите се израмнети – по 41%. Овие три држави се од т.н.. колебливи, каде поддршката за двете партии секогаш е на кантар. Токму во овие држави се решава судбината на сите претседателски избори. Општо земено на национално ниво Хилари Клинтон го задржува водството и води пред Трамп со 13 процентни поени – 46% наспроти 33%. Според социолозите Клинтон ја губи почвата најмногу врз основа на категории како чесност и морални норми.
Истражувањето е извршено помеѓу 30 јуни и 1 јули, наскоро откако ФБИ ги објави своите наоди по скандалот со употребата на личната електронска пошта за службени цели од Хилари Клинтон. Во меѓувреме најверојатен кандидат на Републиканската партија за претседател на САД Доналд Трамп одржа синоќа разговори со омилените соборци за потпретседател во својот тандем, обидувајќи се да го направи својот конечен избор меѓу тројца искусни политичари, пренесе Ројтерс, пренесоа американските медиуми. во Индијанаполис тој се состана со гувернерот на државата Индијана Мајк Пенс, а подоцна и со поранешниот спикер на Домот на претставниците Њут Гингрич. Семејството на Трамп пак, се состана во вторникот гувернерот на Њу Џерси, Крис Кристи, со кого самиот Трамп разговара речиси секој ден. Кон овие имиња изгледа се додава и тоа на 69-годишниот американски сенатор Џеф Сешнс од Алабама, кој е близок советник на Трамп и беше забележан како влегува во хотелот “Конрад” во Индијанаполис, каде е сместен Трамп. Според извор близок до неговата кампања, вагата изгледа навалуваат кон 57-годишниот пензија, но Трамп може секогаш да ја смени одлуката во последен момент. Според изворот Трамп се обидувал да избере меѓу Пенс и Гингрич. Самиот Пенс треба до петок да одлучи дали ќе стане партнер во тандемот на Трамп или ќе се бори за реизбор како гувернер. Тој лаконски изјави дека е поласкан да биде меѓу зборуваните имиња во екипата на Трамп, истакнувајќи дека во оваа листа има и други “достојни имиња”. Двајцата учествуваа заедно во предизборен митинг во Индијана во вторникот вечерта.Според телевизискиот канал СНН, кој го цитира шефот на кампањата на Трамп – Пол Манафорт, милијардерот ќе го објави својот избраник во петокот во Њујорк. Тој сакал да го привлече за свој овој искусен политичар. Се очекува Трамп да биде формално номиниран за партиски кандидат на конгресот на републиканците следната недела во Кливленд.