Десет дена пред парламентарните избори во Англија истражувањето на институтот “Опиниум”, спроведено по барање на неделното списание “Обзервер”, покажува дека битката за местото на Даунинг стрит станува драматична.
Намалувањето на предноста на Тереза Меј е резултат на нeјзината одлука да пр
огласи вонредни избори и да ја фокусира својата кампања исклучиво врз истакнување на предностите на нејзиното раководство во споредба со Џереми Корбин, заклучуваат експертите.
Анкетата покажува дека повеќе од една третина од гласачите – 37 отсто – гледаат повеќе негативно на премиерката отколку во почетокот на кампањата, за сметка на 25 проценти, кои даваат повеќе позитивна оценка.
Обратен тренд се забележува кај Џереми Корбин – 39 отсто гледаат повеќе позитивно на лидерот на лабуристите сега во споредба со 14 проценти кои не го одобруваат.
Генерално предноста на конзервативците се задржува во рамките на 10 проценти, но промената во односот на избирачите кон лидерите на двете главни партии е загрижувачки сигнал за стратезите на премиерот, сметаат од Институтот “Опиниум”.