Драматично предупредување до Американците: Нови соеви пристигнуваат по делтата

од Stefanija Kuzmanovska

Ако Соединетите држави не ја преземат контролата врз ширењето на делта сојот во заедницата, нацијата ќе се соочува со се повеќе варијанти кои ќе можат да ја заобиколат заштитата од вакцините“, рече Ентони Фаучи, главен медицински советник во Белата куќа.

„Ова ќе се случи ако не добиеме добра контрола врз проширувањето во заедницата, поради што јас и моите колеги постојано повторуваме дека е многу важно да се вакцинираат што е можно повеќе луѓе“, рече Фаучи во програмата „Добро утро Америка“.

„Луѓето велат: ‘Не сакам да се вакцинирам затоа што ќе се грижам за себе, немам влијание врз никој друг’, а тоа едноставно не е така“, додаде тој, пренесува ABC News.

Кога вирусот се шири на невакцинирана популација, како што сега се случува брзо во многу земји со ниска стапка на вакцинација, може да мутира без разлика дали некое лице има благи симптоми или воопшто нема симптоми.

„А кога ќе му дадете доволно можности да мутира, порано или подоцна може да добиете друга варијанта на вирусот, и можно е оваа варијанта да биде полоша во некои аспекти од веќе многу тешката варијанта со која се занимаваме, што е голема причина зошто сакаме да ја потиснеме циркулацијата на вирусот во заедницата“, рече Фаучи.

Повеќе од 70 проценти од Американците се вакцинирани со најмалку една доза од вакцината против коронавирус, додека околу 60,7 проценти од населението е целосно вакцинирано.

Слични содржини