202
Не би сакал да предвидувам, но многу сум склон на верувањето дека ќе имаме до 50 мртви на ден, па дури е можно и бројот да биде уште поголем, предупреди утрово епидемиологот и член на кризниот штаб на Србија, Предраг Кон.
По повод влошувањето на епидемиолошката состојба во Србија, Кризниот штаб вчера одржа вонредна седница и беа донесени одлуки за засилување на анти-епидемиолошките мерки.
Според последните информации, во Србија за 24 часа биле заразени над 6.200 лица, а 30 починале.
Катастрофалната состојба е насекаде во светот, откако над 1,3 милиони луѓе ја загубија битката со Ковид-19.