Драматично предупредување на Руте – Дали НАТО е подготвено?

од Nikola Popovski
67 прегледи

Шефот на НАТО, Марк Руте предупреди дека Алијансата не е подготвена за заканите со кои ќе се соочи од Русија во наредните години и дека е време да почне да размислува воинствено.

„Не сме подготвени за она што ни доаѓа за 4 до 5 години. Време е да се префрлиме на воинствено размислување и  да го забрзаме нашето одбранбено производство, но и да ги зголемиме парите што ги трошиме за одбрана“, рекол Руте.

Додал дека членките на НАТО потрошиле повеќе од 3 отсто од БДП за одбрана за време на Студената војна и нагласил дека идните распределби ќе мора да бидат значително повисоки од сегашната цел на алијансата од 2 отсто.

„Русија се подготвува за долгорочна конфронтација, со Украина и со нас“, кажал Руте за време на говорот во Брисел.

Тој, исто така, истакна декал НАТО мора да биде реален за амбициите на Кина и предупреди дека Пекинг значително ги зајакнува своите воени сили и врши притисок врз Тајван.

Руте рече и дека моменталната безбедносна ситуација е „најлошата во мојот живот“, пренесува „Sky News“.

Слични содржини