545
ЛА Лејкерси полека излегуваат од краткотрајната криза. Изминатата вечер ги разбија Голден Стејт.
Актуелните шампиони ја врзаа втората победа во низа со резултат 117:91. Ги предводеше кој друг ако не Леброн Џејмс кој постигна 19 поени. Кај поразените Ерик Пашал се издвои со 18 поени.
Најдраматично беше на мечот помеѓу Бостон и Вашингтон Визардс. Победникот беше решен на пет секунди до крајот, погоди Џејсон Татум за конечни 111:110.
Визардси во последната минута влегоа со +5, но на крајот изгубија. Најголем „вниновник“ беше токму Татум кој постигна 31 поен. На друга страна Бредли Бил уфрли 46 поени.