ДРАМАТИЧНО ВО ГЕРМАНИЈА: Жители скокнаа во вода за да спасат пожарникар! (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska
370 прегледи

Германија изминатите денови беше погодена од невидени поплави предизвикани од обилни дождови.

Бројот на луѓе кои ги загубија своите животи во поплавите на западот на оваа земја денес се искачи на 106, објави германскиот медиум АРД, што претставува најголема масовна загуба на животи во Германија поради природни катастрофи по многу години.

Видеото објавено во германските медиуми покажува дека поплавите претставуваат непредвидена опасност и за пожарникарите.

Имено, пожарникар беше носен од поројот и се чинеше дека нема спас за него, но спас сепак пристигна, во последен момент.

Тој беше извлечен од поплавата од група локални жители кои ги ризикуваа своите животи, исто како што овој пожарникар го ризикуваше својот.

Германската влада преку Фејсбук објави дека околу 1.300 лица сè уште се водат како исчезнати во областа Арвилер, јужно од Келн.

Мобилните мрежи не работат во некои области погодени од поплавите, што значи дека семејствата и пријателите не можат да ги контактираат најблиските, пренесува „Ројтерс“.

Слични содржини