Контроверзната раперка Карди Би во повеќе наврати ги изненади обожавателите кога „протекоа“ фоотграфиите од нејзиното лице без шминка, а овој пат таа и сама покажа како изгледа нејзината коса без екстензија, додатоци и надградби.
Ретко кога Карди го покажува своето природно изнадие, а сега објави видео во кое ја покажува својата бујна, кадрава коса.
– Погледнете ја мојата коса – вели Карди во видеото кое го објави на социјалните мрежи.
По видеото, Карди ја средила својата коса, „ја испеглала“ и ја покажа драстична разлика. Исто така, таа вели дека е горда на својата природна коса.
Обожавателите ја опсипале со коментари и комплимети, велејќи ѝ дека не треба да става перики бидејќи нејзината природна коса е прекрасна и ѝ порачале дека треба почесто таква да ја „носи“.
Откако ја „средила“ косата, Карди сними уште едно видео. Во него таа се фали дека била на вестите во Кина.
– Погледнете, бев на кинеските вести. Не знам што зборуваат за менем можеби мислат дека сум научник, но не ме инересира. Интернационална сум! Ширете ја веста – вели Карди смеејќи се.