Дрецун: Во Охрид нема шанси да се постигне договор меѓу Белград и Приштина

од Vladimir Zorba
208 прегледи

Претседателот на српската собраниска комисија за Косово, Милован Дрецун, смета дека на 18 март на средбата во Охрид, во рамките на дијалогот меѓу Белград и Приштина, нема да има шанси да се постигне сериозен напредок.

Дрецун за РТС нагласи дека Србија останува цврста на ставот дека не може да прифати и да се согласи „со членство на лажна држава во ОН, дека не можеме на кој било начин да ги признаеме“.

Тој оцени дека специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, не се однесува на начин што може да овозможи постигнување на каков било договор меѓу Белград и Приштина, особено со изјавата „дека сега не е време за формирање на Заедница на српските општини“.

Слични содржини