Раперот Дрејк го прекина концертот во Торонто за да испрати важна порака до обожавателите во публиката. Имено, за време на концертот, раперот забележал неколку знаци кои обожавателите ги држеле во раце, па решил да им ги исполни желбите.
„Видов некој како држи знак на кој пишува ‘Плати ми ја школарината’. Некој нека ја пронајде таа личност. Еве што ќе направиме. Ќе ви ја платиме школарината“, рече тој, покажувајќи на публиката и додаде дека пронашол уште пет лица на кои им е потребна помош за плаќање на школарината.
„Го имаш мојот збор“
„Второ, видов девојка со натпис на кој пишуваше: ‘Штотуку дознав дека имам мултиплекс склероза. Ќе ми помогнеш?’“, рече тој, а потоа објасни дека и неговиот пријател Ноа Шебиб (40) се бори со таа болест и дека ќе ги поврзе за да разговараат.
„Ќе направам се што е потребно за да ти ја пружам најдобрата помош на светот. Го имаш мојот збор“, ѝ рекол раперот на девојката и додал дека таа може да дојде на неговиот концерт следната вечер.
Drake is paying tuition for some people in the crowd + giving a girl who has MS whatever it takes to get in better health tonight in Toronto. #IAABtour pic.twitter.com/JjKemzlYXC
— Word On Road (@WordOnRd) October 7, 2023