Канадскиот рапер Дрејк сподели фотографија на Инстаграм, на неа тој позира со својот двегодишен син Адонис Грахам, кој го добил со поранешната порно актерка Софи Брисо.
„Ми недостига семејството и пријателите и не можам да го дочекам денот кога ќе можеме сите повторно да се собереме“, напишал Дрејк покрај фотографијата.
На првата фотографија Дрејк позира сам со синот, а исто така објавил и фотографија на која малото момче позира со двајцата родители.
Многу коментатори забележаа дека малиот воопшто не личи на своите родители. Поради неговата руса виткана коса и сини очи, некои дури го прашаа раперот дали е сигурен дека тој е таткото.
„Детето е преслатко, но воопшто не личи на Дрејк“, „Не личи ниту на мајката, ниту на таткото. Ни најмалку“, „Мајката мора да објасни некои работи“, коментирале обожавателите.
Сепак, некои истакнаа дека Адонис наликува на својата баба, односно мајката на Дрејк.