Дрекслер: С.Македонија припаѓа во ЕУ, нема да дозволиме сиви зони во Европа

од Nikola Popovski
718 прегледи

„Преспанскиот договор е обврзувачки договор, според меѓународното право. Тој важи. И Северна Македонија е обврзана на него. И мислам дека е многу важно за позиционирањето како доверлив партнер, во меѓународната заедница, да не се појави сомнеж, дека обврзувачките договори според меѓународното право ќе бидат почитувани и од идната влада,“ посочи во интервју за „360 степени“, амбасадорката на СР Германија во земјава, Петра Дрекслер, во однос на тоа дека новата претседателка Гордана Силјановска Давкова, а и ВМРО-ДПМНЕ, кои сметаат дека усно не мораат да го користат, да го изговараат уставното име на државата.

На прашањето дали ако во некоја ситуација земјава остане блокирана, на патот за членство во ЕУ, постои можност за зголемено западно влијание во Северна Македонија и кои би биле последиците од такво нешто, амбасадорката Дрекслер, посочува дека местото на Северна Македонија е во ЕУ.

„Северна Македонија, земјите од Западен Балкан, припаѓаат во ЕУ. Ние не сакаме и не можеме да си дозволиме сиви зони во Европа. Сакаме заедно да работиме на тоа нашата ЕУ, да биде уште посилна. Сосема е јасно, за нас Северна Македонија припаѓа во ЕУ,“ истакнува Дрекслер.

Слични содржини