Дрекслер уверува дека нема ново вето за Македонија

од Nikola Popovski
2,6K прегледи

Европа е составена од компромиси, тие се важна основа за Европската унија. Во сегашната состојба на пристап до процесот за членство, нема вето за вашата земја, рекла вчера германската амбасадорка Петра Дрекслер, на настанот по повод Денот на Европа во организација на Европското движење во Северна Македонија во соработка со фондацијата Конрад Аденауер.

Според неа, основата за членство во ЕУ е во процесот на реформи.

„Земјите членки се согласуваат дека треба да се овозможи почеток на преговорите, додека германската перспектива е да се зајакне Европа и надворешно и внатрешно, додека ние мора да најдеме начин да дојдеме до решение во Европа. Повеќето одлуки во ЕУ се носат со квалификувано мнозинство“, истакнала Дрекслер.

Германската страна, додала таа, може да замисли дека треба да се зголеми бројот на одлуки со квалификувано мнозинство.

-Меѓутоа јадрото на нашата силина е да настојуваме да постигнеме компромиси. Не смееме да се откажеме од компромисите. А почетокот и крајот на преговорите се одлуки што се донесуваат едногласно. Во оваа сфера не се изменило ништо, заклучила германската амбасадорка.

Слични содржини