18
Дресот што го носеше познатиот аргентински фудбалер Марадона во полуфиналето на Светското првенство во 1986 година ќе биде изложен во „Сотби“ во Њујорк на крајот на јули, пред да биде понуден на продажба на 22 август.
Марадона, кој почина во 2020 година, го носеше овој дрес во полуфиналниот натпревар на Светското првенство што Аргентина го доби против Белгија и постигна два гола, пренесува „Ефе“.
Аргентинскиот репрезентативец го смени дресот за ракавиците на белгискиот голман Жан Мари Пфаф.