Дресирани кучиња спасувачи СПАСИЛЕ 8 ДЕЦА од Тиренското Море (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska
390 прегледи

Три семејства со осум деца, кои биле одвлечени од морските струи и големите бранови на стотина метри од брегот, биле спасени од обучени кучиња, пишува агенцијата „Анса“.

Во туристичкото одморалиште Сперлонга, јужно од Рим, на брегот на Тиренското Море, капачите биле во море со душеци и даски за сурфање, кога одеднаш биле одвлечени од брегот со морските струи и високите бранови, не дозволувајќи им да се вратат на сигурно.

Откако повикале помош, биле спасени од обучени кучиња, раса „Лабрадор“, кои пливале неколку пати од брегот до местото каде што биле капачите и им помогнале да стигнат до безбедниот брег.

Градоначалникот на Сперлонга, Армандо Кусани, рече дека оваа акција е потврда дека одлуката на градските власти да ангажираат обучени кучиња за спасување од море е исправна.

Спасувачката операција траеше околу половина час, а од брегот, драмата на море ја гледаа околу 400 луѓе кои, откако сите беа спасени, ги поздравија спасувачките кучиња со голем аплауз.

Слични содржини