Дресот на Зидан од 1998 година продаден за огромна сума пари

од Stefanija Kuzmanovska
395 прегледи

Еден од дресовите направени за францускиот фудбалер Зинедин Зидан, предвидени за финалето на Светското првенство во 1998 година, беше продаден за повеќе од 100.000 долари во Лос Анџелес, објави аукциската куќа „Џулијанс аукшн“.

Аукцијата се одржала минатиот викенд на Беверли Хилс преку Интернет, а дресот на Зидан бил продаден за 108.800 долари, пренесува француски „Ле Монд“.

Автентичноста на дресот на Зидан ја потврдија ФИФА и Адидас, но аукциската куќа не знаеше дали тогашниот капитен на францускиот тим, кој го победи Бразил со 3: 0 во финалето, го носеше тој дрес, особено во првото полувреме кога погоди два одлучувачки гола.

Во октомври 2018 година, париската аукциска куќа Кото-Бегари мораше да го повлече дресот за кој тврдеа дека Зидан го носел на последниот натпревар неколку дена пред аукцијата, бидејќи постоеле сомневања за неговата автентичност.

На Светското првенство во 1998 година во Франција, Французите, предводени од Зидан, кој тогаш беше капитен, го освоија првото место.

Слични содржини