Древно марсовско езеро помага да се разбере како животот се појавил на Земјата

од desk4
108 прегледи

Денес, Марс можеби е пустина, но тоа не било случај во минатото. И научниците веруваат дека најдоа докази дека пред некое време имало огромно море во јужниот дел на Марс, односно тоа било пред околу 3,7 милијарди години. Тоа било полно со топли извори кои испумпувале вода богата со многу минерали.

Според експертите, оваа хидротермална активност под морето била многу слична со она што се случило на Земјата. И ова потенцијално ни дава идеи за вистинското сценарио во кое животот се развива на Земјата.

Според научниците оваа комбинација од карпи, вода, хранливи материи и топлина можеби е клучен за живот и на самиот Марс.

Ако најдеме доказ дека некогаш на Марс имало живот, овој регион може да ни помогне за видот и средина во која се родил животот на Земјата, објаснува Пол Најлс од НАСА.