Дрин Ахмети бара ОЈО ГОКК, ЈО, УЈП и Финансиската полиција темелно да го истражат купувањето на „Соравија“

од Nikola Popovski

Внукот на лидерот на ДУИ, Дрин Ахмети испрати писма до Јавното обвинителство, ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција, Управата за јавни приходи и Финансиската полиција, во кои бара да спроведат детална и темелна истрага за неговото купување на ТЦ „Соравија“.

-По последните случувања и медиумската бура против мене и неоснованите врски со политиката, обвинувањата и клеветите на опозицијата кои ги хранат граѓаните со омраза и злоба, јас и мојата компанија ги повикавме државните институции да го истражат случајот, што можете провери со броевите на архивата и во наведените институции, стои во објавата на Ахмети на социјалните мрежи, прикажувајќи ги испратените писма и барања до наведените институции.

Тој се осврна и на неодамнешната прес-конференција на која изнесе детали за купувањето на објектот во центарот на Скопје.

-За појаснување уште една работа што беше извадена од контекст е тоа дека ние (Thor Industries) сме платиле 0 евра за купување на „Соравиа Инвест“ и „Соравиа Менаџмент“. Тоа е уште една медиумска фарса, бидејќи беше многу јасно разјаснето на прес-конференцијата дека ние, покрај тоа што ги презедовме постојните обврски на двете компании, имаме и кредитна линија од 6.000.000 евра позајмени од банката заедно со партнерите, а досега исплатата ја извршивме во форма на гарантно писмо со 3.000.000 евра. Она што спаѓа во контекст на нула евра е дека ниту еден од овие средства досега потрошени за трансакцијата не потекнува од активноста на „Thor Industries“ и групата компании каде што сум сопственик или некој од моите партнери, што беше одговорот до медиумите за потеклото на капиталот во оваа трансакција, се додава во Фејсбук објавата на Дрин Ахмети.

Пред неколку дена, внукот на Али Ахмети информира дека „Соравија“ има долг од 20 милиони евра и дека во проектот влегува со неговите партнери, Владимир Пјетерѓокај, сопственик на „PE-VLA-KU SH.P.K“.

-Не се мои пари, туку земав кредитна линија од страна на тиранската банка Кредис каде што свој удел има албанскиот партнер Пјетерѓокај. Ова е добар проект и затоа одлучивме да им дадеме 6 милиони евра. Со тие пари не може да се врати долгот од 20 милиони, но ние го земавме на себе, кажа тогаш Дрин Ахмети, нагласувајќи дека не даваат пари од свој џеб туку со кредитна линија.

Слични содржини