Дрин Ахмети демантира дека возел „Ролс Ројс“ од 400.000 евра, бара јавно извинување од ВЛЕН или ќе ги тужи

од Nikola Popovski
58 прегледи

Внукот на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, Дрин Ахмети се огласи преку реакција, по повод последните обвинувања од страна на коалицијата ВЛЕН. Тој целосно го отфрла, како што вели, лажното и неосновано тврдење дека неодамна бил виден како вози автомобил марка „Ролс Ројс“ со кичевски регистарски таблички, во вредност од 400.000 евра. Ова обвинение, според Ахмети, е безобразна измислица која нема никаква фактичка основа или докази.

-Ако има вистина во оваа приказна, ве предизвикувам да обезбедите јасни, непобитни докази – фотографии, записи од регистарски таблички, извештаи на очевидци или која било друга легитимна документација – за да го потврдите вашето тврдење. Ширењето такви невистини е и штетно за мојот углед и погрешно за јавноста. Барам итно повлекување на вашата изјава и формално јавно извинување. Ако не го сторите тоа навреме, нема да ми оставите друг избор освен да ги следам сите достапни правни лекови, стои во испратениот мејл на Ахмети, напишан на англиски јазик.

Внукот на Али Ахмети е дециден дека неодговорно и неетичко е да се шират неосновани изјави во обид да се одвлече вниманието од какви било недостатоци или неуспеси на владеачката коалиција. Дрин ги повикува ВЛЕН „да се фокусираат на конструктивен дијалог и фактички дискурс наместо да прибегнувате кон тактики за оцрнување“.

-Верувам дека коалицијата ВЛЕН ќе ја препознае сериозноста на оваа работа и ќе преземе итни чекори за да се поправи ситуацијата. Останувам посветен на заштитата на мојот интегритет и нема да се двоумам да ги повикам на одговорност оние кои намерно шират лажни изјави за мене, стои во ставот на Дрин Ахмети.

Коалицијата од три партии утрово излезе со соопштение, во кое меѓу другото спомна дека на внукот на Али Ахмети „не му се допаѓа ферари бидејќи е виден со бел Ролс Ројс со регистарски таблички на Кичево, автомобил вреден околу 400 илјади долари“.

-Значи, станува збор за внукот на Али Ахмети, „супер интелигентниот“ млад човек за кој Обвинителството побара помош и од САД за неговите сомнителни финансиски трансакции.

За среќа, оваа ера заврши со промена на власта. Нема повеќе политичари кои можат да се збогатат преку ноќ. Нема повеќе среќни внуци како Дрин Ахмети. Нема повеќе чичковци како Али Ахмети кои им овозможуваат на своите внуци да поседуваат трговски центри и да возат автомобили од 400.000 долари. Затоа, Али Ахмети, мотивот на неговиот внук, денеска е осуден од граѓаните со право на глас, бојкотиран од македонските партии и демаскиранод меѓународниот фактор, стои во соопштението на ВЛЕН.

Слични содржини