„Дрисла“ ја загадила Маркова река, се соочува со казна до 120.000 евра

од Nikola Popovski
222 прегледи

ЈП „Дрисла“ ќе биде казнета за сторен еколошки инцидент во водите на Маркова река. Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС), по вонредниот надзор во депонијата, одлучил да изрече казна која, според сторениот прекршок од трета категорија, согласно со Законот за животна средина, изнесува од 110 до 120 илјади евра.

Казната е изречена поради пожарот што настанал на депонијата, во делот каде што се складирал индустриски отпаден текстил и скај утрото на 5 септември.

На Дрисла и е понудена постапка за спогодување за сторен прекршок кој е казнив согласно Законот за животната средина трета категорија прекршок за кој за средни трговци санкцијата изнесува 110.000-120.000 евра во денарска противвредност. Доколку записникот за спогодување не биде потпишан од страна на одговорното лице согласно регулативата целиот предмет на 25 септември ќе биде предаден на Суд, Скопје и ќе се бара санкција за правното и одговорното лице во правното лице.

„Согласно Законот за животна средина од страна на инспекторот се преземени дејствија согласно утврдените прекршувања на законските одредби. На правното лице понудена е Постапка за спогодување за сторен прекршок кој е казнив согласно Законот за животната средина – член 212-ж став (1) точка 1 во врска со член 20, (Трета Категорија прекршок за кој за средни трговци санкцијата изнесува 110.000 120.000 евра во мкд противвредност). Доколку записникот за спогодување не биде потпишан од страна на одговорното лице согласно регулативата целиот предмет на 25.9 ќе биде предаден на Суд, Скопје и ќе се бара санкција за правното и одговорното лице во правното лице“, информираат од ДИЖС.

Слични содржини