Дрон падна на територијата на градскиот суд во Москва

од Stefanija Kuzmanovska
143 прегледи

На теренот на градскиот суд во Москва денеска падна дрон, објави рускиот весник „Известија“.

На дронот не биле прикачени страни предмети, пишува весникот, повикувајќи се на неименуван извор.

Деталите за инцидентот не се јасни, објави „Ројтерс“.

Вчера во московскиот регион биле пронајдени три дронови, јави руската новинска агенција ТАСС, повикувајќи се на извор од безбедносните сили.

Истиот извор наведува дека сите три летала се помали неозначени квадрокоптери. Руските власти ги анализираат беспилотните летала за да дознаат повеќе за нивните оператори и потекло.

Слични содржини