Дрон се урна на 27-тиот кат на зграда во Њујорк

од Vladimir Zorba
61 прегледи
 
Њујоршката полиција трага по сопственикот на дронот, кој се урна на 27-тиот кат на станбена зграда во метрополата, соопштија Еј Би Си њуз.

Беспилотни апарат го скршил прозорецот на станпт со поглед на Ист Ривер во “Менхетн”.

Инцидентот се случил околу 15:15 часот. 66-годишна жена  стоела во својот дом, кога дронот влегол низ прозорецот.

Полицијата соопшти дека истрагата продолжува. Сеуште нема јасност кој е сопственикот на дронот. Жената не е повредена во инцидентот.