Дронови ќе ги доставуваат вакцините во Гана

од desk2
173 прегледи

Во Гана почна од денеска да функционира најголемата мрежа за допстава на вакцини со помош на дронови.

Се претпоставува дека на овој начин со дронови , вакцини ќе добијат над 12 милиони жители на оваа западноафриканска земја. ,,Никој во Гана не смее да умре зашто не може итно да добие лек “ , рече претседателот Нана Акуфо- Адо , пред почетокот на работата на овој сервис во градто Оменаку , каде е направен еден од четирите дистрибутивни центри во земјата.

Дроновите ќе летаат 24 часа дневно , а ќе служат за достава на крвни продукти , лекарства и вакцини .Со оваа достава стопанисува компанијата Зиплајн , со седиште в Силиконската долина во САД , како и Глобалниот сојуз за имунизација и вакцини.

Во центрите има околу 30 дронови , кои ќе летаат кон над 2000 здравствени центри низ Гана.