Дру Баримор: „Мајка ми на десет години ми дозволи да пушам марихуана“

од Stefanija Kuzmanovska

Во нашата куќа беа дозволени сите нездрави навики. Освен слатко. Буквално се криев во плакарот за да јадам чоколадо, изјави актерката Дру Баримор (47) во нејзиниот подкаст Drew’s News, пренесува Daily Star.

Таа разговарала за забраната на слатки со актерот Роб Лоу и открила како мајка ѝ Џаида била многу строга. Не сакала нејзините деца да се здебелат.

Но, кога станува збор за други нездрави работи, тогаш немаше проблем. Актерката откри дека првиот алкохолен пијалок го испила на девет години, а марихуана пробала на десет години.

Своевремено во интервју за People признала дека на 13 години двапати отишла на рехабилитација од дрога. Покрај тоа, нејзината мајка ја испратила во психијатриска установа.

„Таму немаше шега, а ако дојдеше до таква ситуација, тогаш ќе не врзеа“, објасни таа и призна дека била вистинска бунтовничка.

„Излегував во клубови и го избегнував училиштето. Бев целосно надвор од контрола“, признала актерката. Таа откри дека подоцна нашла начин да ѝ прости на мајка ѝ.

„Верувам дека таа се чувствуваше како да нема друг излез. Сигурно сиве овие години живеела со многу вина. Создала чудовиште и сигурно живеела со многу болка“, додала таа.

Актерката има две ќерки Френки (8) и Олив (9), на кои сака да им биде вистински пример кога ќе пораснат.

„Им реков: ‘Јас сум ваша мајка, а не пријателка’. Имав мајка која ми беше пријателка, па се покажа многу лошо. Не го сакам тоа“, заклучила таа.

Слични содржини