Во Кривичниот суд во Скопје денеска се одржа рочиште за предметот „Труст“ на Специјалното јавно обвинителство на кое беше сослушано вештото лице Радомир Цветановски. Новото рочишта за овој предмет е закажано за 30 јануари.

На денешното рочиште за „Труст“ во испрашувањето на одбраната вештото лице Радомир Цветановски појасни како се утврдува капацитетот на дробилката за јаглен, а поради закажано друго судење во истата судница, судијката Лидија Зимбова го прекина сослушувањето на вештакот и закажа друго рочиште на 30 јануари во 10 часот на кое ќе продолжи сослушувањето на вештакот.
Првоосомничен во предметот „Труст“ е бизнисменот Сеад Кочан и уште две физички и три правни лица, меѓу кои управителите на фирмите „Трансмет“, „Силекс“ и ВАТО за учество во тендер на Електрани на Македонија во вредност од 17 милиони евра со фалсификувани документи.