Друштво кое организира игри на среќа не платило давачки од 2022

од Nikola Popovski
154 прегледи

Министерството за финансии иницирало постапка до Владата за одземање на лиценца за игри на среќа на две друштва заради неисполнување на условите од лиценцата за приредување.

Кај двете друштва било констатирано дека не ги почитувале законските одредби кои се однесуваат на условите, односно не се платени давачки утврдени со Законот за приредување игри на среќа и Законот за данок на личен даход.

Претходно од УЈП бил донесен записникот од извршената контрола на работењето на овие друштва, на што Министерството за финансии имало поднесено барање за контроли.

-За едното од друштвата не се платени давачки од јули 2022 година, информира министерката Гордана Димитриеска-Кочоска, која не ги објави имињата на друштвата, во интерес на постапката.

Како што додаде министерката, едната фирма е од Скопје.

-Едната фирма е основана во 2022 година и оттогаш нема платено ниту еден денар давачка во Буџетот. Има оштетувања, рече Димитриеска-Кочоска на прес-конференција.

Слични содржини