284
МВР информира за инцидент во струшко, откако дрвокрадци се обиделе да прегазат полицајци.
Според полицијата, во текот на вчерашниот ден околу 11:20 часот на локалниот пат кон село Богојци, полициски службеници од Полициското одделение Велешта дале знак за запирање на патничко возило „Опел фронтера”, без регистарски ознаки, кое било натоварено со дрва и во кое имало две лица.
Возачот не застанал и со возилото се обидел да удри двајца полициски службеници. Повредени нема, а увид извршила екипа од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга и се преземаат мерки за расчистување на случајот.