Дрвото што го засади Мајка Тереза пред 40 години по повод нејзината последна посета на Скопје во 1980 година, можеше да се санира, а сега некој се обидува да ја уништи нејзината дејност, истакна на денешната прес-конференција директорот на Институтот за Институтот за духовно и културно наследство на Албанците (ИДКНА), Скендер Асани.
– Таму овие дрвја се идентификуваат со големо внимание, се заштитени од глодари и разни инсекти, се лекуваат од многу болести, се ревитализираат и никој не се осмелува да им наштети бидејќи со тоа прават кривично дело. Пред неколку дена, силниот ветар ја искорна елката на Мајка Тереза и ние како Институт апелиравме за максимално да се внимава со оваа елка, бидејќи се надевавме дека заедно со Град Скопје ќе најдеме заеднички јазик во однос на повторно засадување на оваа елка на местото на старата, рече тој.