Државјанин на Македонија е обвинет за здружување и учество во организиран криминал на територија на неколку екс-ју земји, како и во земји од ЕУ, извествуваат босанските медиуми.
Обвинителот на Специјалното одделение за организиран криминал, економски криминал и корупција во БиХ поднесе обвинителен акт против Сако Бибиќ (49) од Скопје, државјанин на БиХ и Северна Македонија, Елдар Хујиќ (43) од Сараево, државјанин на БиХ, Адмир Халимановиќ ( 36) од Сараево, државјанин Босна и Херцеговина, Алем Зукиќ (31) од Сараево, државјанин на Босна и Херцеговина и Ѓока Комар (29) од Никшиќ, државјанин на Босна и Херцеговина и Црна Гора.
Обвинетите се товарат дека од крајот на 2019 година до крајот на 2021 година, постапувајќи во рамките на заеднички план и меѓусебен договор, со цел да се стекнат со противправна имотна корист со извршување на повеќе кривични дела, станале членови на група за организиран криминал и оперирале на територијата на Босна и Херцеговина, Србија и Црна Гора, како и на земјите од ЕУ, и извршил кривични дела организиран криминал, недозволена трговија со наркотични дроги и перење пари.
Во обвинението се наведува дека наведените лица комуницирајќи преку заштитените апликации Скај и Аном договарале извршување на кривични дела, како и шверц, транспорт, криење и понатамошен транспорт на големи количини марихуана – сканк, најчесто во количини од околу 100 килограми, кои биле прокриумчарени на територијата на Хрватска, Германија, Холандија и Полска, заради пласирање на нелегалниот нарко пазар во тие земји, за што добивале големи суми пари, со кои купувале недвижен имот и скапи моторни возила, со што переле пари.
Обвинителството ќе ги докажува наводите од обвинението со повикување на повеќе од 20 сведоци и вештаци, како и со доставување на десетици доказни материјали.
Обвинението е проследено до Судот на Босна и Херцеговина на потврда, соопштило Обвинителството на Босна и Херцеговина.